Претрес во домот на Јакимовски

Стевчо Јакимовски

Полицијата врши претрес во домот на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Претресот е по налог на финансиската полиција која се сомнева дека Јакимовски извршил злоупотреба на службената должност. Од Финансиската полицијата наведуваат дека ќе соопштаат повеќе информации по завршување на акцијата.