Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски до Владата ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски. Службеното возило „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“, како што соопшти МВР, било пратено во Грција со налог потпишан од директорот на јавна безбедност, a било управувано од полициски службеник, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти.
Според МВР, Велковски во својот исказ потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, поради закани кон него и неговото семејство и проценил оти е небезбедно неговата ќерка да патува сама и затоа го ангажирал членот на своето обезбедување.
Но, во случајот, како што се наведуваат од министерството, целосно не била спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување.