Штетата од одлуката на Косово, со која царините за овошјето и зеленчукот од Македонија беа зголемени за 30 отсто, се проценува на околу 180.000 евра, односно 2.000 тони нереализиран извоз, изјави шефот на кабинетот во Министерството за земјоделство Трајан Димковски.
Тој нагласи дека штетите се пресметани врз основа на извозот реализиран од 18 до 31 јули минатата година, период кој важеше одлуката на косовската влада.