Двајца жители на Битола, заедно со засега непознати лица, се осомничени дека за време на прославата на одбележувањето на државниот празик Илинден на Мечкин камен во Крушево, употребувале говор на омраза кој бил забележан на видео запис и емитуван на една од националните телевизии, соопшти денеска Основното јавно обвинителство Прилеп.
Во соопштението е наведено дека во обвинителството е пристигната кривична пријава против лицата, поднесена од страна на МВР - СВР Битола за „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 од Кривичниот законик.