Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели тврди дека поделба на Косово под ниту едни околности нема да биде тема на дијалогот, наведувајќи дека финалниот дел од преговорите ќе донесат признавање на Косово и членство во ОН. „Косово ќе учествува во дијалогот, така што финалниот дел од преговорите ќе обезбедат меѓународно обврзувачки договор, што ќе донесе признавање на Косово и место во ОН. Тоа е наша заедничка агенда со САД и со ЕУ. „Нема да има никаква поделба на Косово. Нема да разговараме за тоа прашање. Косово ќе влезе во ОН, во НАТО и во ЕУ со гаранции за својата независност, изјави Весели за весникот „Коха Диторе“.