Косовско МВР - Состојбата во северно Косово е мирна и стабилна

„Ниеден полицаец од специјалните полициски единици не е испратен дополнително на северот на Косово, состојбата таму е редовна“, изјави заменикот министер за внатрешни работи на Косово, Абдулселами Шкодра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Шкодра им изјави на новинарите дека ситуацијата во овој дел на Косово, населен со мнозинско српско население, е мирна и стабилна. Тој вели дека немаат индиции дека може да има некаква дестабилизација или било какви безредија.

Претходно косовските медиуми јавија дека елитните полициски сили се мобилизале од Приштина и се стационирале во базата „Белведере“ во селото Фрашер во близина на Митровица.

Официјален Белград ги повика косовските Срби да не преземаат никакви дејствија кои би предизвикале интервенција на косовските сили.Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај порача дека жестоко ќе одговори на секој обид за дестабилизација на државата, а во готовност се ставија и единиците на КФОР стационирани во Косово.