Дваесет и осум невладини организации, граѓански иницијативи и партии на чело со Јанчко Бачев од Единствена Македонија се обединија за бојкот на референдумот. Кампањата ќе ја водат под слоганот „Македонија бојкотира“.
„Оваа битка е поголема од предавничката на власта. Ја спречуваме промената на името. Ќе им остане предавството. Новата власт која доаѓа ќе расчисти со предавниците“, рече Бачев.
Организациите формирале Кризен штаб кој ќе ја води пропагандата за бојкот на референдумот.