Вучиќ – Решение за Косово не е на повидок, странски служби се мешаат

Српскиот претседател Александар Вучиќ .

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека засега нема компромисно решение за Косово и дека „не е ни на повидок“.

По седницата на Советот за безбедност, а потоа и по разговорите со српскиот патријарх Иринеј, тој рече дека за решението ќе зборува ако е можно да се дојде до него.

„Такво решение засега нема, а мислам дека не е ни на повидок“, рече Вучиќ, додавајќи дека е оптимист во врска со тоа прашање.

Српскиот претседател рече дека во изминатите денови е забележано „агентурно дејствување од разни центри на моќ“, отфрлајќи ги наводите за договорен инцидент меѓу Белград и Приштина. Тој рече дека „странските служби се мешале во политичкиот и медиумскиот живот“, доведувајќи ја Србија во положба што сега мора да одговара на трачеви, а не за неспроведувањето на единствената обврска на Приштина - формирањето на Заедницата на српски општини.