Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвинува дека СДСМ продолжува со недомаќинско владеење. Во соопштението од партијата пишува дека „Зоран Заев и СДСМ продолжуваат со своето расипничко и недомаќинско владеење. Зоран Заев и СДСМ продолжуваат економски да ја пустошат Македонија, а општиот грабеж да го покриваат со капитулантски договори кои значат менување на името, историјата, традицијата и културата.“
Од партијата пишуваат дека она што го прави СДСМ е национална катастрофа и дека речисипола мандат им поминал во задолжувања, а немале реализирано ниту еден проект што ќе им донесе бенефит на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да престане со расипничкото однесување и неразумните задолжувања.
„Правната држава и правосудството еден ден ќе се вратат на вистинскиот пат. Сите оние кои во овој момент работат сомнително ќе одговараат пред лицето на правдата“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ