Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска најави дека на преговорите во Брисел ќе ѝ го предложи на Србија историското барање на Албанците од Прешево, Бујановац и од Медвеѓа да се припојат кон Косово, иако знае дека ќе биде одбиен. На прашањето што ќе се случи ако на наредниот состанок со српскиот претседател Александар Вучиќ на маса биде ставен предлог за размена на Прешевската долина за северот на Косово, Тачи рече дека ја познава „одлучноста и непоправливоста“ на српскиот претседател Вучиќ кога е во прашање Косово.
Тој смета дека ако евентуалниот мировен договор подразбира корекција на границите по мирен пат, тоа никако нема да значи отворање на Пандорината кутија и нема да има домино ефект.