Американец со гумен чамец стигнал во Русија

Беринговото Море на рускиот Далечен Исток

Еден американски државјанин е приведен на рускиот Далечен Исток, откако случајно стигнал во областа со гумен чамец, соопштија денеска руски претставници. Руската новинска агенција ТАСС објави дека граничарите го привеле Американецот поради нелегално преминување на границата, додавајќи дека инцидентот се случил вчера. Одредени медиуми објавија дека тој побарал политички азил во Русија, но ТАСС, повикувајќи се на извори во руската влада, дека Американецот бил сослушан, не барал азил и е одведен во притвор.

Американската новинска агенција Асошиејтед прес објави дека човекот се вика Џон Мартин, кој со мал чамец пловел по реката Јукон и дека случајно стигнал во Беринговото Море. Тие наведуваат дека Мартин неколку дена поминал на отворено море во лоши временски услови. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, изјави дека здравствената состојба на Американецот е „задоволителна“.