Сенаторите Крис Марфи, демократ од Конектикат и Рон Џонсон, републиканец од Висконсин, предложија во Сенатот заедничка резолуција со која се поздравува и поддржува договорот за името меѓу Македонија и Грција и се изразува предупредување и загриженост поради руското мешање и обиди за негово поткопување.
Во резолуцијата 602 што пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот ја претставија давјацата сенатори, се вели дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас успеаја заеднички да постигнат историски договор за решавање на повеќедеценискиот проблем.
„Ако биде ратификуван, договорот ќе и го отвори патот на „Република Северна Македонија“ да се приклучи во НАТО и ЕУ, ќе ја острани ранливоста во Западен Балкан и ќе ја намали можностите за руско мешање“. Сенаторот Марфи пред Комитетот истакна дека постигнатиот договор меѓу владите во Скопје и Атина треба да биде поздравен и оценет како голем дипломатски успех.
„Ништо нема да го запре Путин да предизвикува поделби меѓу земјите во Европа и на Балканот. Овој договор помага и за зацврстување на НАТО и на ЕУ, и ние сега мора да работиме заедно за да и покажеме на Русија дека нејзиното нелегално мешање во внатрешните работи на други земји нема да успее“, рече Марфи. Резолуцијата е поддржана и од сенаторите Крис Кунс, Марко Рубио, Едвард Марки, Џон Барасо, Џин Шахин и Џим Риш. Во документот поддржан и од републикаците и од демократите во Сенатот,
се бара од Стејт департментот на САД, од Одделот за трговија и другите релевантни агенции да ги поддржат американските компании кои се заинтересирани да инвестираат во Македонија и Југоисточна Европа