Во Македонија денеска се прославува државниот празник Илинден. Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов ќе има свое обраќање на Мечкин Камен. Заедно со него, годинава во Крушево е најавено дека ќе присуствува и американскиот вршител на должноста заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер. Под мотото „Наша Македонија“ во комплексот „Пелинце“ пак, ќе се одржи манифестација на која ќе говори премиерот Зоран Заев. Пред тоа владина делегацијаќе положи свежи цвеќиња пред Меморијалниот центар АСНОМ. Премиерот Зоран попладне ќе замине за Благоевград. Каде што заедно со бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе ја одбележат 115-годишнината од Илинденското востание. Ова ќе биде втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство помеѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година. Претседателот на Собранието Талат Џафери кој исто така ќе има обраќање по повод Илинден ќе положи цвеќиња на спомениците на АСНОМ и на Никола Карев и пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто.