Фејсбук соопшти дека била идентификувана координирана кампања за влијание врз делумните избори за американскиот Конгрес што треба да се одржат во ноември годинава, активност која била во согласност со истите такви руски напори во 2016 година.
Оваа компанија вели дека отстранила 32 политички ориентирани лажни сметки и страници од социјалните платформи Фејсбук и Инстаграм, поради, како што тоакомпанијата го нарече, „несоодветно однесување“.
Компанијата објави дека „овој вид на однесување не е дозволено на Фејсбук, бидејќи, како што вели, „не сакаме луѓето или организациите да креираат мрежи на сметки за да ги заведат другите за тоа кои се, или што прават“.
Фејсбук соопшти дека истрагата е во почетна фаза и дека повеќе од 290.000 луѓе ги следеле суспендираните сметки.
Фејсбук додава дека не знае кој стои зад овие активности, но оти е можно да постои врска со Русија, бидејќи била откриена поврзаност меѓу овие профили и профилите на руската приватна компанија „Агенција за истражување на интернетот“ кои биле избришани по претседателските избори во САД во 2016 година.
Компанијата соопшти дека лажните сметки ја координирале активноста и пред протестите во САД планирани за наредната недела. Фејсбук соопшти дека ја отстрани страницата во врска со овој протест.
Неколку часа пред пред Фејсбук да соопшти дека била откриена кампањата за политичко влијание и за заведување на корисниците и организирање митинзи пред ноемвриските избори за Конгресот, американскиот секретар за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен, изјави дека Русите биле тие што се мешале во претседателските избори во 2016 година.
„Да бидам јасна: нашата разузнавачка заедница е во право. Тоа беа Русите. Ние го знаеме тоа. Тие го знаат тоа. Тоа беше насочено од највисоките нивоа и не можеме и нема да дозволиме тоа да се случи повторно“.
Нилсен ги обелодени плановите за формирање на национален центар за управување со ризици, каде што владата ќе работи со финансиски фирми, енергетски компании и телекомуникациски провајдери за да помогне во идентификувањето на безбедносните слабости во индустријата изаспроведување сајбер вежби.
Вредноста на акциите на Фејсбук претпре мало опаѓање по вестите дека биле откриени обиди за влијание врз американската политика.