Фејсбук откри руски обиди за влијание врз политиката во САД
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Фејсбук идентификува координирана кампања за политичко влијание пред ноемвриските избори за американскиот Конгрес и укина десетици лажни сметки, објави оваа компанија. Американскиот секретар за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен наведе дека Русите биле тие кои се мешале во изборите во 2016 година и вети дека нема да дозволи тоа да се повтори.