Мултинационална воена вежба во Бугарија

Архива: Војници на САД за време на заедничка воена вежба во Бугарија во 2016 година.

Мултинационалната воена вежба „Платинест лав 18" започна денеска на полигонот за обука во Ново Село, Бугарија, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Во воената вежба уќествуваат повеќе од 700 војници, со околу 100 единици воена опрема, од Бугарија, САД, Албанија, Грузија, Молдавија, Романија, Србија и Црна Гора, јави БТА. Воените врски во Бугарија ќе траат до 10 август.