ЕК реагира на косовските царини, Приштина веднаш да го реши проблемот

Европската комисија, во отсуство на договор меѓу Косово и регионалните земји, меѓу кои и Македонија, во врска со новите косовски царини, остро реагираше до официјална Приштина.

Иако ЕК ја поздрави одлуката на косовоските власти да ги укинат заштитните мерки за увоз на овошје и на зеленчук кои доаѓаат од ЕУ, загриженост постои околу фактот дека мерките кон земјите од регионот се уште се во сила.

„Жалиме што заштитните мерки остануваат на сила за другите земји, вклучително регионалните партнери до ЦЕФТА. Ова е загрижувачки и штетно за регионалната економска соработка. Затоа, ЕК итно го повикува Косово да се однесува конструктивно за да ја реши ситуацијата без одлагање, особено со оглед на тоа дека Косово моментално претседава со ЦЕФТА“, стои во реакцијата на ЕК.