Новите членови на ДИК положија заклетва

Новиот состав на Државната изборна комисија

Новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието Талат Џафери.

Претседател на Комисијата е Оливер Дерковски, потпретседател е Дитмире Шеху, а членови се Елизабета Постоловска, Борис Кондарко, Јанаке Витановски, Радица Ристеска и Енвер Салиу.

Претседателот на Комисијата Дерковски изјави дека како Комисија, почитувајќи ги законите и Уставот на Македонија, ќе постапат и ќе направат се што е во нивна надлежност за да успее организирањето на референдумот.