Шекеринска: Ако има одлука на референдумот таа е обврзувачка за институциите

Министерката Радмила Шекеринска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека ако на референдумот за името се донесе одлука - таа е обврзувачка за институциите, но доколку не се донесе одлука, институциите имаат обврска да го кажат своето мислење.

„Нашата цел е да го исполнме она што е ветено, да им дадеме шанса на граѓаните да го кажат своето мислење за ЕУ, за НАТО и за патот преку кој ќе стигнеме до тоа членство. Ги поттикнуваме граѓаните најотворено да го кажат својот став, ако некој е убеден како што ние сме убедени дека огромно мнозинство граѓани посакуваат земјава да се нормализира, да се стабилизира, да се стави на тој пат, ќе излезат и ќе го дадат својот глас. Оние кои сметат дека тоа не е добро исто така може да излезат и да го дадат својот глас. Таа одлука ја оставаме на граѓаните и ги повикуваме да го дадат своето мислење“, изјави Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања, по потпишувањето на Меморандум за соработка со деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски.