Јас го поздравувам тоа што фирмите кои добиле гранд за иновативност, а во кои за содружник имаат ностител на власт, се повлекуваат сами. Јас го поздравувам етичкиот начин на однесување, рече денеска премиерот Зоран Заев, во одговор на пратеничко прашање во врска со доделувањето на грантовите од државниот Фонд за иновативност.
„Тоа е нов квалитатив и јас го поздравувам етичкиот начин на однесување, кога се повлекуваат самите фирми каде за содружник имаат ностител на власт. Затоа што законски тоа е дозволено, но не и етички, оти се мисли дека се има влијание во ваквиот процес. Одлуката ја носеше комисија од меѓународни претставници, меѓу кои и еден министер од поранешната Влада, Глигор Ташковиќ. Заради транспарентните постапки веднаш носителите на јавните функции презедоа одговорност. Се е согласно законот, но го исполнуваме и етичкиот кодекс на однесување“, рече Заев.