Сателитски снимки покажуваат дека Северна Кореја почнала да ги демонтира клучните објекти за развој на мотори за балистички ракети. Тоа претставува прв чекор кон исполнувањето на ветувањето дадено на американскиот претседател Доналд Трамп. Последните снимки покажуваат дека се работи на демонтирање на некои постројки. Трамп на прес конференцијата по средбата со јужнокорјескиот лидер Ким Џонг Ун на 12 јуни изјави дека Ким му ветил оти наскоро ќе ги урне објектите за тестирање ракетни мотори.