Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција, информирање дека „поради пoстоење одредени неправилности во документацијата на што укажала првичната евалуација, Министерството одлучило тендерската постапка за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки и гасни анализи да ја прекине“.
„Во следниот период ќе продолжиме со имплементација на планот за централизација, а со тоа и обезбедување на големи заштеди во овој дел од набавките“, рече Филипче.
Тој ги повика и компаниите кои работат во оваа сфера да ги намалат цените на реагенсите, зашто, како што рече, имале разговори заради тоа што пазарните вредности се многу помали од тоа што сега во моментов се користи.
Постапката по овој тендер наиде на силни критики од јавноста и од опозицијата, со забелешки дека се јавила само една фирма „без искуство во областа, основата пред неколку месеци, како и фотографии од нејзиниот управител со синот на поранешниот сиректор на УБК САшо Мијалков“.