Филипче: Не сме склучиле договор, постапката е во фаза на еваулација

Архивска фотографија- Министерот за здравство Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција ги нарече невистини, шпекулации и обвинувања пишувањата во дел медиуми во врска со тендерската постапка за набавка на реагенси за јавните здравствени установи во Македонија.

“Министерство за здравство не склучило договор и фирмата која се споменува во јавност не го добила тендерот. Доколку има неправилности во постапката, спрмени сме да ја поништиме” рече Филипче.

Тој тврди дека концептот за централизација на медицинските лаборатории бил од голем бенефит за македонските граѓани.

“До крајниот рок за поднесување на понуди за овој тендер пристигната е само една понуда. Во моментов постапката е во фаза на евалуација и се уште не е ниту стигнато до електронска аукција” рече Филипче.

Во овој момент и во досегашниот тек на постапката, додаде тој, не е сторена никаква штета ниту по Буџетот ниту по крајните корисници на услугите – граѓаните. Тендерот вреден 35 милиони еврапредизвика внимание во јавноста откако се обелодени дека фирмата се формирала пред само четири месеци.