Македонија има заштитни мерки за зголемените косовски царини

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски

Со допис до ЦЕФТА, ЕУ и Владата на Косово, Македонија побара повлекување на времената одлука за зголемување на царините за увозното овошје и зеленчук. Ако Косово не ја повлече одлуката, Владата на Република Македонија ќе преземе мерки за заштита на домашното производство, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Според соопштението, владите на Македонија и Косово преговараат за изнаоѓање решение за зголемените царини. Повлекување на одлуката за зголемувањето на царините денеска официјално побара и македонскиот министер за економија Крешник Бектеши.