Конечниот извештај за исчезнатиот малезиски авион ќе излезе на 30 јули

Малезискиот министер за транспорт Ентони Локе денеска најави дека Малезија на 30 месецов ќе го објави долгоочекуваниот извештај за исчезнатиот патнички авион на „Малезија ерлајнс“ на летот MH370, јави АП.

„Секој збор регистриран од истражниот тим ќе биде соопштен во тој извештај“, изјави министерот.

Исчезнувањето на авионот е една од најголемите мистерии на воздухопловстото. Истрагата за несреќата беше затворена во мај годинава. Авионот со 239 патници и членови на екипажот исчезна на пат од Пекинг до Куала Лумпур на 8 март 2014 година.