СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се интересира само за амнестија

Седиштето на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за личен интерес и амнестија и затоа се труди да ја лаже јавноста. Постигнатиот Договор за 25-годишниот спор со Грција го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност, реагираше денеска владејачката СДСМ по објавувањето на одлуките на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. донесени за синоќешната седница.

„Договорот ја обезбедува македонската иднина, иднината како дел од ЕУ и НАТО. Тие две прашања се и тоа како меѓусебно поврани. Ако не беше така, тогаш зошто ВМРО-ДПМНЕ со години преговараше за изнаоѓање решение за 25 годишниот спор? Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од матрицата на поделби, изолација и конфликти и затоа на секаков начин се обидува да ја закочи македонската иднина“, стои во соопштението на СДСМ.