Синдикатот на Југохром бара комбинатот да работи додека се поставуваат филтрите

Обвинувањата од здружението „Еко герила“, според синдикатот на „Југохром“ се „тенденциозни и неточни“, и затоа бара да му се овозможи на комбинатот да почне со работа, а паралелно со тоа да продолжи инсталацијата на системот за отпрашување.

Според синдикатот, обвинувањата од „Еко герила“ дека „Југохром“ е најголемиот загадувач во Полошкиот регион се неаргументирани и тенденцијата е овој комбинат да не работи.

Од Синдикатот денеска на прес-конференција посочија дека нивните анализи направени врз основа на податоци од надлежни институции покажуваат дека и во периодот кога „Југохром“ не работел, имало загадување на воздухот.