Идентификувани осомничените за труењето на Скрипал

Британската полиција ги идентификувала осомничените за труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија со нервниот гас новичок, јави агенцијата ПА.

Според податоци од извори од истражните органи, агенцијата Ројтерс јави дека осомничените, кои според британската полиција се Руси, биле идентификувани преку слики од камерите за надзор, по што снимките ги споредиле со податоците од граничните и царинските служби за лицата кои тогаш влегле во Британија.

Рускиот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа затруени со новичок во март годинава, по што беа најдени во бессознание во парк. Двајцата закрепнаа во болница.

Велика Британија за труењето ја обвини Москва која демантира каква било вмешаност.