Курти: Албанија и Косово можат да бидат федерација или конфедерација

Албин Курти, лидерот на косовското движење Самоопределување, во емисија на Албанската државна телевизија (РТШ), изјави дека неговата политичка цел е национално обединување на Албанците.

„Во еден преоден период, да станеме конфедерација или федерација. Јас нема да бидам против такво решение, туку во секој случај само како преодна фаза. Доколку ги забрзаме чекорите за обединување и ако тие бидат посериозни и поискрени од досега, тогаш нашето обединување може да се случи пред ЕУ“, изјави Курти.

Неодамна за тиранската телевизија Топ чанел, Курти изјави дека и многу Албанци во Албанија го посакуваат обединување, за што, според него, треба да се спроведе референдум „и нека одлучат граѓаните“.