Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја напушти лидерската средба во Клубот на пратениците по еден час од нејзиното започнување. Тој изјави дека му пренел на премиерот Зоран Заев дека смета оти е потребна нова лидерска средба која би се одржала најдоцна до понеделник и на која би учествувале лидерите на двете најголеми македонски политички партии и на двете најголеми албански партии. Мицкоски смета дека нема потреба да се разговара на лидерската средба во проширен сосотав како денеска . Истакна дека ВМРО ДПМНЕ останува на барањето најпрво да се донесат законот з а финсирање на партиите и за измени во законот з а влада. Тој бара гаранции за формирање техничка влада 100 дена пред избори, а потоа да се формира ДИК. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ повтори дека измените на изборниот законик за намалување на потребното мнозинство за формирање на ДИК кои ги предлага Владата се скандалозни, како и нивното евентуално донесување без опозицијата.
Премиерот Заев, како што беше соопштено од Владата вчера, лидерската средба ја свикува во проширен состав (лидерите на сите парламентарни партиии со повеќе од еден пратеник) заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци.
На средбата треба да се надминат разликите меѓу владејачките партии и опозицијата околу подготовките на референдумот за Договорот со Грција што треба да се одржи наесен.