Апелација ја потврди казната за Ивона Талевска за случајот „Тифани“

Скопскиот Апелациски суд Скопје денеска ја потврди условната казна за новинарката Ивона Талевска во врска со предметот „Тифани“.

„Апелацискиот суд Скопје во врска со предметот познат во јавноста како „Тифани“ по одржана јавна седница донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, жалбата на обвинетата И. Т. од С. и жалбата на обвинетото правно лице Друштво за маркетинг и пропаганда С. Г. ДООЕЛ С“, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.