Почнува скринингот, главен преговарaч е Османи

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и премиерот Зоран Заев

Владата на денешната седница донесе одлуки со кои започнува скрининг процесот за подготовка за почеток на пристапните преговори со ЕУ. За главен преговарач е назначен вицепремиерот за евроинтергации Бујар Османи, а за технички преговарач советникот на премиерот Бојан Маричиќ. „Денес со еврокомесарот Хан ги дефинираме следните чекори на скрининг и подготовка за преговори. Утврдивме заедничка динамика на преговорите со поставување на структурата за преговори од наша и од нивна страна. Денеска Хан го претстави начелниот план за скринингот, а ние донесовме заклучоци, истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конфренција со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. Владата го задолжи СЕП заедно со МНР до крајот на јули да подготват предлог концепт за преговорите со ЕУ.