Саудиска Арабија денеска соопшти дека забранува долга листа на популарни видео игри, откако се појавија наоди дека две деца извршиле самоубиство, а за да го направат тоа биле охрабрени од извесна он лајн игра. Забраната се однесува на 47 игри, меѓу кои "Grand Theft Auto V", "Assassin's Creed 2" i "Witcher", поради кршење на правилата и прописите. Забраната е одговор на смртта на 13 годишно девојче и 12 годишно момче, кои според некои извептаи се убиле откако на социјалните мрежи ја играле играта „Синиот кит“, иако се уште не е прецизирано дали е тоа точно. Во играта учесниците добиваат различни задачи кои треба да ги исполнат, а играта завршува со повик за самоубиство на играчите.