Прослави во Франција за титулата светски фудбалски шампион

Париз

Градовите во Франција се претвориле во дискотеки на отворено по победата на француската репрезентација на Светскиот фудбалски куп во Русија. Местата предвидени за славење во Париз околу Ајфеловата кула и пред Триумфалната капија цела ноќ беа полни со луѓе кои ја прославуваа победата над Хрватска со 4 спрема 2. Покрај огнометот кај Афеловата кула синоќа се огласија и ѕвоната на Нотр Дам. Над 110 илјади припадници на безбедносните сили го чуваа редот во земјата. Францускиот претседател Емануел Макрон кој прославуваше со тимот во Москва на твитер им се заблагодари на француските фудбалери. Тој денеска ќе ги прими во Елисејската палата во Париз.