Франција е светски фудбалски шампион

Француските фудбалери ја прославуваат светската титула на шампионатот во Русија.

Репрезентацијата на Франција е светски фудбалски шампион, откако денес на стадионот Лужники во Москва ја победи Хрватска во финалето на Мундијалот во Русија.

Франција поведе со автогол на Манџукиќ во 18 минута, по што Иван Перишиќ го израмни резултатот во 28 минута.

Антоан Гризман од пенал во 38 минута донесе водство за 2:1, а предноста ја зголемија Пол Погба во 59 минута и Килијан Мбапе 65 минута, со што резултатот беше 4:1. За Хрватска погоди и Марио Манџукиќ во 69 минута за конечен резултат 4:2.

Франција го повтори успехот од 1998, година кога на домашен терен го освои Светското првенство, додека Хрватска со пласманот во финалето го надминаа 3 место освоено на истото првенство пред две децении.

Следното Светско првенство ќе се игра во Катар во 2022 година.