Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има „ниски очекувања„ од неговата среба со рускиот претседател Владимир Путин на 16 јули во Хелсинки.
„Одам со ниски очекувања“, рече Трамп во денешно интервју на Си-Би-Ес: Не одам со високи очекувња“, рече Трамп.
Тој рече дека „ништо лошо“ и „можеби нешто добро“ ќе излезе од состанокот.
„Мислам дека добра работа е да имаме средба. Верувам во средбите“, рече Трамп.
Претседателот на САД рече дека ќе го покрене прашањето за 12-те руски шпиони обвинети за вмешување во претседателските избори во САД во 2016 година, додавајќи дека не размислувал да го праша Путин да ги екстрадира во САД.
Кремиљ негира вмешување во американските избори.