НАТО мора да ги засили каналите за дијалог со Русија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за новинарите на самитот на НАТО во Брисел.
„Ја истакнавме потребата да се засили политичкиот и воениот дијалог со Русија за да се минимизираат воените ризици и да се воспостави транспарентност“, рече Ердоган.
Говорејќи за претстојната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин во главниот град на Финска, Ердоган рече оти смета дека овој состанок е многу важен и дека Анкара ќе следи како ќе се одвива тој.
Ердоган исто така изјави дека со Трамп разговарале за ситуацијата во Манбиџ, Северна Сирија и купувањето на Ф- 35 од САД. Ердоган добил уверување од американскиот претседател дека договорот за авиони, за кој Турција веќе плати 800 милиони долари и останува уште последната рата од 100 милиони долари, ќе биде исполнета како следна.