Министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми најави дека Владата во Националната стратегија што ја изготвува планира отворање Министерство за дијаспора.
„Дијаспората бара да има посебно министерство задолжено за нив. И во Националната стратегија која ја работиме, една од целите етоа да се реализира“, вели Адеми во интервју за МИА.
Тој појаснува дека за да се реализира тоа потребно е да се смени Законот за Влада и дека е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.
„Верувам дека ако тргнеме со таква иницијатива, можеби во Парламентот би имале поддршка и од опозицијата“, вели Адеми.