1.Господине Муареми, иако институцијата со која раководите има сериозна улога во борбата за справување со криминалот и корупцијата, за јавноста станавте посебно интересни по последниот предмет за мостот „Око“од познатиот проект „Скопје 2014“. На колку други истраги поврзани со контроверзниот проект работите во моментот и кога може да се очекуваат нови детали?
Законот на Управата за финансиска полиција е закон „легс специјалис“ според кој таа има широки овластувања да постапува на терен и да ги гони сите кои презеле незаконски активности, значи да ги гони сите личности кои се инволвирани во одредени инкриминирани активности. Факт е дека во последно време Управата за финансиска полиција го дава својот ангажман во борбата против финансискиот и организиран криминал и е ориентирана за гонење на кривични дела кои произлегуваат од злоупотребите на јавните личности, односно функционерите кои имаат обврска да дават отчет за својата работа пред граѓаните. Последниот настан кој се случи во Управата е предметот за изградбата на мостот „Око“. Такви настани во брзо време ќе има и други и ќе бидат поинтересни од тоа што веќе беше јавно кажано на прес-конференцијата на Управата.
2.Во која смисла поинтересни? Може ли да бидете поконкретен?
Поинтересно во смисла дека износите коишто се злоупотребени, а тие се буџетски пари се многу поголеми од тие кои беа споменати за мостот Око,“ вели Муареми.
3.Корупцијата и организираниот криминал најчесто се поврзани со високи владини функционери, луѓе на моќни позиции и сл. Дали се соочувате со притисоци во секојдневната работа и дали е можно да се остане имун на каков било обид да замолчите или да прекинете конкретна истрага?
Од денот кога ја добив позицијата, јас како директор на Управата за финансиска полиција имам нулта толеранција за организираниот криминал и корупција. И работиме да го расчистиме секој вид криминал, без разлика дали е направен од поранешни или сегашни функционери. Имаме случаи кои ги водиме, а каде што се инволвирани сегашни функционери. Значи никаков притисок немам во Управата. Притисок има, ама за да се расчисти криминалот, друг притисок досега нема.
4.Еве и еден конкретен пример. Јавноста едно време слушна за предметот „Банки“, во кој наводно е правен софистициран криминал од страна на луѓе кои се на високи позиции во банките. Не е ли своевиден притисок тоа што една јавна обвинителка во Советот на обвинители гласаше против нејзина колешка која пак работеше на овој предмет во кој наводно е вмешан сопругот на таа јавна обвинителка?
Колку што јас знам тие се настани пред да ја добијам позицијата директор на Управата за финансиска полиција. После тоа дадов наредба и направив работна група од оперативци, аналитичари и форензичари коишто ќе го работат тој случај и овој случај е активен. Меѓутоа, бидејќи се работи за предистражна постапка не би сакал многу детали да кажувам за случајот. Но тој случај постои кај нас и се работи интензивно на него.
Целото интервју со директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми може да го погледнете во видео снимката на почетокот на овој текст.