Мицкоски: Ни датум за преговори со ЕУ, ни безусловна покана за НАТО

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски денеска, преку соопштение, ја обвини Владата на Зоран Заев дека продолжува со „лажни ветувања и со политика која ја уништува Македонија“.

„За власта зборот, не е збор, ниту делата реалност. Нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО. А нема затоа што имаме неспособна влада. Мора да престанат поразите, а одговорот за тоа е секој еден од вас“, вели Мицкоски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со протести, овој пат в недела во 13 часот во Кавадарци.