ВМРО-ДПМНЕ: министерот Димитров да поднесе оставка

„Македонија не доби ниту безусловна покана за НАТО, ниту датум за почеток на преговори со Европската Унија. Македонија со СДСМ доживува вистинско дипломатско фијаско“, ова се наведува цо соопштението на ВМРО ДПМНЕ во кое, меѓу другото, се оценува дека македонската дипломатија крахираше и за тоа мора да се понесе одговорност. „Токму затоа, како прв чекор на власта е оставка на Никола Димитров кој што заедно со Зоран Заев ја донесоа државата во ќорсокак“, се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.