Мицотакис: Им признаа македонска националност и јазик, сега им отвораат врата во НАТО

Во Преспа пред три недели Ципрас и Каменос признаа македонска националност и јазик за Скопје, а денес во Брисел ја отвораат вратата за интеграција во НАТО, изјави претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

Тој во изјавата за Самитот на НАТО, остро ја критикуваше грчката Влада и рече дека за предавството што го направиле „народот наскоро ќе им пресуди“.

„Тие го предаваат најсилното преговарачко оружје што го имаше Грција и беше национална линија во последните 27 години. Коалициските партнери во Владата носат тешка одговорност и народот наскоро ќе им пресуди“, рече Мицотакис.