Москва ќе реагира на протерувањето руски дипломати од Грција

Марија Захарова, портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија

Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека ќе реагира на протерувањето на двајца руски дипломати од Грција, објави руската новинска агенција Интерфакс. Грција ќе протера двајца руски дипломати и ќе забрани влез на уште двајца за активности што не се во согласност со нивниот статус, објави претходно денеска грчкиот весник Катимерини. Според весникот, Атина го презела овој потег откако ги почувствувала обидите на руските дипломати да го поткопаат Договорот со Македонија, за спорот околу името.