МВР: Случајот со починатото момче е во надлежност на ОЈО

Македонска полиција, МВР.

Министерството за внатрешни работи во врска со настанот на 29.06 оваа година, кога беше претепано 21-годишно момче (Н.С.) кое почина денеска од повредите, соопштува дека случајот е експресно расчистен.

Од МВР велат дека уште еднаш потсетуваат дека Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривични пријави против Б.Б. (20), С.Д. (21) и Ј.Љ (20) сите од Скопје, откако на 29 јуни физички го нападнале (Н.С.) на автобуска станица на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, по што бил пренесен во клиничкиот центар „Мајка Тереза.“

„По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишениод слобода и одредена им е мерка притвор. Целокупниот доказен материјал е предаден на надлежното јавно обвинителство и овој случај е во надлежност на ОЈО Скопје“, велат од МВР.