Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на претстојниот Самит во Брисел, а процесот на зачленување ќе заврши во предвидениот рок, рече денеска италијанскиот амбасадор Карло Ромео на средбата со министерот за дијаспора Едмонд Адеми, соопшти денеска Кабинетот на Адеми.
Во соопштението се наведува дела Ромео изразил интерес за актуелните активности на Владата во процесите на НАТО и евро-интеграциите и изразил целосната поддршка од италијанска страна, а Адеми за време на разговорот опширно го информирал Ромео за Националната стратегија и основните столбови за соработка со дијаспората.