Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска потпиша указ за разрешување од функцијата на главната обвинителка против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеши, по решение на Уставниот суд од мај.
„Одлуките на Уставниот суд треба да бидат почитувани во држава, која го почитува владеењето на правото. Претседателот издаде указ за отстранување на главниот обвинител од функцијата“, изјави портпаролката на претседателот Мадалина Доброволски.
Министерот за правда, Тудорел Тодер, побара отстранување на Ковеши во февруари, велејќи дека ги надминала нејзините овластувања и го оштетила имиџот на земјата во странство. Неговото барање собра илјадници демонстранти на улиците, кои го кренаа гласот против корупцијата.