Во Лондон Самит за Западен Балкан

Самит за Западен Балкан, Трст, Италија, 12.07.2017.

Петтиот самит за Западен Балкан, во рамките на Берлинскиот процес, ќе биде одржан денеска и утре во Лондон. Главни теми на собирот се унпаредувањето на економската стабилност, безбедноста и политичката соработка. Берлинскиот процес е дипломатска иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел чија цел е да се поддржи мирна, стабилна и демократска иднина на Западен Балкан. Покрај премиерите на Албанија, Србија, Црна Гора, БиХ, Македонија и Косово, Британија како домаќин на самитот ги покани и ЕУ партнерите, вклучувајќи ги Австрија, Хрватска, Франција, Германија, Италија и Словенија.