Денешното рочиште за случајот „Титаник 2“ продолжи со преслушување на две од т.н. бомби, прислушувани телефонски разговори помеѓу поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и пратеникот Мендух Тачи, кои се обвинети во овој случај.
Во разговорите се слуша како „Мијалков бара од Тачи и ургенција за гласање на седница на ДИК, која тој ја прифаќа“.
Во предметот се обвинети Мендух Тачи, Сашо Мијалков и поранешните членови на ДИК - Сашо Срцев, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски. Сите обвинети во „Титаник 2", освен Мијалков, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување, а поранешниот директор на УБК се товари за примање награда за протизаконско влијание.