Министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска изјави дека дијаспората треба да се идентификува со државата, а не со партијата.
„Доволно ни беа 27 години поделби. Дијаспората мора да се идентификува со државата, а не со партијата што беше случај во изминатите единаесет години кога беа злоупотребени и искористени за политички цели. Соработката со дијаспората мора да продолжи и во иднина, особено сега кога Македонија се враќа на голема врата на меѓународен план преку членството во НАТО, почнување на преговорите со ЕУ и одличната регионална соработка“, рече Адеми на промоцијата на трите нови проекти на Агенцијата за иселеништво - Прирачник за иселеници, Сликовница за изучување на мајчин јазик и веб-страница.