Премиерот Зоран Заев, денеска по втората ратификација на Договорот за името, побара од претседателот Ѓорге Иванов да го потпише законот за ратификација.
„Претседателот да го потпише законот, а референдумот тоа само ќе го потврди. Првпат по 27 години граѓаните добиваат шанса да одлучуваат за иднината на Македонија. Верувам во нашиот народ и во успешноста на процесот со кој ќе се гордеат многу генерации“, изјави Заев.